„Не знам како е избран, но доследно да се држи до законот“: Камбовски со порака до Абази

од Nikola Popovski
203 прегледи

Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК, не знам како е избран, но му препорачувам доследно да се држи до законот, бидејќи како што видовме во поранешни случаи, доаѓа време на одговорност не само на политичка, туку и казнена, кривична одговорност на се повисоки скалила на вршење на државните функции, изјави денеска академик Владо Камбовски за новиот шеф на Обвинителството Ислам Абази.

Според него, доколку се утврди како негативно искуство актуелниот избор на шеф на ова обвинителство, тогаш ќе треба да се допрецизираат критериумите за избор и понатаму да се развиваат.

Абази доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири.

Според анкетниот лист што тој како јавен обвинител го пополнил во Антикорупциската комисија, може да се види дека Абази располага со куќа во селото Зајас, кичевско од 1998 година, за која е наведено дека е имот на родители, но нема податок како е стекната. Абази од 1985 година има стан во Кичево вреден околу 30 илјади евра, имот на родители. Новиот шеф на ОЈО ГОКК од 1999 година вози „фолксваген голф“ вреден околу 5.000 евра.

Абази има и кредит, на сума од 250 илјади денари, кој го зел во 2009 година и го отплаќал 4 години.

Слични содржини