348
Министерот за одбрана на Норвешка, Бјорн Арилд Грам кој е во официјална посета на земјава, беше запрашан за случувањата на Косово и дали може да се направи „паралела“ со Украина.
Тој ја истакна неговата загриженост и го осуди нападот.
-Тоа е неприфатливо. Не знам дали може да се споредуваат различни конфликти, не знам колку е тоа продуктивно. Секоја ситуација има своја динамика и секоја ситуација е сама за себе. Со неа треба да се справуваме на свој начин. Што се однесува до Косово, двете страни треба да го вратат дијалогот и да ја исполнат својата улога, кажа норвешкиот министер на заедничката прес-конференција со неговата македонска колешка, Славјанка Петровска.