Не знам, не сум бил роден тогаш, рече внукот на Гоце Делчев откако беше запрашан дали постоел македонски идентитет и јазик пред 1945

од Nikola Popovski
752 прегледи

Диригентот Христо Христов, внукот на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев, денеска од пред црквата Св. Спас упати порака по повод 120-годишнината од смртта на неговиот чичко.

-Тоа е смрт на еден млад човек кој платил за животот на сите и за да бидат слободни. Слободата не е секогаш лесно нешто, понекогаш е тешко да ја донесеш својата одлука. Ние сме родени за да бидеме слободни и да сме слободни. Сите да сте живи и здрави, рече Христов во изјава за новинарите.

На прашањето како гледа на тоа што и од македонска и бугарска страна има тензии за тоа чиј е Делчев и за чија слобода се борел, Христов вели дека Делчев се борел за слободата на луѓето.

-Луѓето денеска се 8 милијарди. За тие кои тогаш биле живи за да бидат слободни, за да можат спокоен живот да имаат, изјавил внукот на Делчев.

Тој смета дека може да има мирно решение помеѓу Скопје и Софија.

-Да се нормални луѓето и да имаат малку срце, би било прекрасно. Тоа што го гледам е точно спротивното на неговата позната мисла. Сите знаат што значи мир. Да се спокојни и да прават убави работи. Мојата желба е да направиме еден мирен висококултурен проект кој би вклучувал музичари од двете држави и да направат голем оркестар и да се интонираат двете државни химни, рече Христов пред црквата Св. Спас.

Внукот на Делчев беше запрашан дали постои македонски идентитет и јазик пред 1945 година, на што одговори:

-Не знам не сум бил роден тогаш. Роден сум 1962 година. Има експерти, за некои работи не можам да одговорам, додаде Христов.

Слични содржини