Неаполската мафија наметна високи цени на лебот

од desk3
165 прегледи

 

Италијанската мафија Камора ги принуди трговците и супермаркетите во Неапол да набавуваат леб од пекарници под нејзина контрола по екстремно високи цени, а полицијата ја заостри контролата и уапси 24 лица, соопштија италијанските власти.

y192753528580357

Во операцијата, чија мета е криминалната организација Ло Росо, полицијата затворила три пекарници кои наводно се под контрола на припадници на мафијата у го уапсила сопственикот на една нив, се наведува во соопштението.

Големопродажната цена на лебот од 0,30 евра за килограм овозможува огромен профит за мафијата, бидејќи повеќето трговци го продавале лебот од нивните пекарници, а високите цени директно ги погодуваат потрошувачите./МИА