Небензја: Израел нема право на самоодбрана

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Русија повикува на итен прекин на крвопролевањето во палестинско-израелскиот конфликт за кризата да не се прошири на целиот Блиски Исток, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, на вонредната седница на Генералното собрание на Палестина.

„Ги повикуваме завојуваните страни да го прекинат крвопролевањето и да им дадат можност на посредниците да работат на дипломатско решение, вклучително и итно ослободување на заложниците. Порано или подоцна, тој пат ќе мора да се следи. Прашањето е само колку невини луѓе ќе загинат за тоа време“, рече Небензја.

Како што истакна, Израел како окупаторска сила нема право на самоодбрана во овој конфликт во Газа, што го потврдуваат и заклучоците на Меѓународниот суд на правдата од 2004 година.

„Морам да го забележам лицемерието на САД и нивните сојузници кои, во други, сосема различни ситуации, повикуваат на почитување на хуманитарното право, формираат комисии за истрага, воведуваат санкции против оние кои всушност користат сила како последно средство за да запрат долгорочно насилство. И денес, гледајќи го ужасното уништување во Газа што е многу поголемо од се што тие гневно критикуваат во други регионални контексти, нападите врз цивилни цели, вклучително и болници, смртта на илјадници деца и ужасните страдања на цивилите под целосна блокада, тие молчат. Единствено што прават – тврдат дека Израел наводно има право на самоодбрана, иако како окупаторска сила го нема тоа право, што е потврдено со советодавните заклучоци на Меѓународниот суд на правдата од 2004 година“, навел Небензја.

Во исто време, тој додаде дека Русија го признава правото на Израел да ја гарантира безбедноста, но „тоа може целосно да се гарантира само во случај на праведно решение на палестинскиот проблем врз основа на добро познатите резолуции на Советот за безбедност на ОН“.

Слични содржини