Небиу: Агенцијата не го прекрши законот со предлогот за отстапување возило за џамијата во Арачиново

од Nikola Popovski
258 прегледи

Агенцијата нема направено никаков законски прекршок со покренувањето на иницијативата- предлог за отстапување на возило, туку напротив постапуваме согласно законските надлежности, велат од Агенцијата за управување со одземен имот откако со одлука доделија комбе на џамија во Арачиново.

Директорот на Агенцијата Дритон Небиу преку соопштение вели дека има одговарано на секое барање доставено до институцијата, меѓу кои било и барањето од страна на џамијата во Арачиново.

-Како што е веќе познато на јавноста, Агенцијата согласно Законот бесплатно отстапува одземени предмети на други државни органи и надлежни институции преку кои отстапените средства се донираат за потребите на оние кои доставуваат барања.

Така е и во овој случај, Агенцијата согласно законот, на нивно барање изготви предлог кој ќе биде проследен до управниот одбор и Владата на РСМ за добивање согласност, за која што верувам дека ќе биде позитивна, со оглед на тоа што верските џамии или цркви се институции од општествен карактер, чија намена е за граѓаните, споделувањето и ширењето на мир и спокој во општеството. Ние секогаш стоиме во интерес и за доброто на граѓаните, надлежната дејност која Агенцијата за управување со одземен имот ја врши во поглед на социјалната реупотреба и бесплатно отстапување на одземени добра за општествени цели во кој ќе биде вклучен граѓанскиот сектор ќе биде и понатаму примарен приоритет во работењето, стои во соопштението на Небиу.

Според она што може да се види од претходната објава на Небиу на социјалните мрежи и потпишаниот официјален документ, џамијата треба да добие возило марка „ситроен џампер“. Претходното раководство на Агенцијата за управување со одземен имот се пожали дека Македонија е преплавена со конфискувани возила, но не може да постапува затоа што нивната правосилност е заглавена во бавните судски процеси.

Слични содржини