Во своето гостување во Топ тема, Зоран Нечев од Институтот за демократија, Социетас цивилис, посочи дека Законот за финансирање на партиите добил најголем консензус во македонското Собрание.
Имено, тој потенцира дека е важно да се види каде и за што партиите ги трошат овие наменски средства.
„Најголем консензус очигледно беше постигнат за овој Закон. И иако можеа, оние кои беа гласни за некои други прашања, не го блокираа токму овој Закон. Она што е важно е слабата отчетност за тоа како се трошат овие пари од грашаните, наспроти она што самото гласање за пари на партиите и не е страшно, со оглед на ваквата пракса која владее во голем дел земји членки на ЕУ. Исто така, важно е да се запрашаме колку е морално ова прашање за раздавање пари во време на Ковид криза“, посочи Нечев.