Нечистиот воздух ги прави срцата на луѓето послаби

од desk3
85 прегледи

Срацата на луѓето кои живеат во загадени области се послаби отколку на оние кои  дишат чист воздух, објави “Индипендент”. Британските научници пронајдоа докази  за штетата од загадениот воздух, дури и кога издувните гасови од дизел автомобилите се под средината на границата за безбедност усвоена од Европската унија. Ова покажува дека сегашните нивоа на дозволено ниво на загадување на воздухот не се безбедни и треба да се намалат, рече кардиолог кој учествувал во истражувањето. 

“Кога се движат по тротоарот луѓето треба да одат од внатрешната страна, што е можно подалеку од автомобилските издувани цевки”. Научниците од универзитетот “Квин Мери” во Лондон ги истражувале срцата на 4255  средовечни луѓе до 62 години со магнетна резонанца, за да се видат и средните нивоа на загадување со фини честички во областите каде што живеат.

“Утврдивме дека колку е поголемо загадувањето , толку повеќе срцата се зголемени и полошо работат”, вели д-р Неј Аунг од тимот. – И двата показатели се поврзани со  мобилитет и морталитет

Болестите на срцата на ониe што живеат во подрачја со загаден воздух најверојатно се должат на воспаление. Вдишувањето на фините честички предизвикуваат воспаление на белите дробови, по што тоа влијае врз целото тело.