Шест филма, пет играни и еден документарец од финската кинематографија ќе бидат прикажани од утре до 29 април во Кинотекана Македонија. организира. Филмовите претставуваат пресек на финската филмска продукција во последниве две години, односно оној нејзин дел што досега не сме имале можност да го гледаме на редовните кинорепертоари или на домашните фестивали.

Меѓу филмовите кои ќе бидат прикажани до 29 април во Кинотека се и: “Успивачот” во режија на Тему Ники (25 април), “Непростено” во режија на Ларс Фелдбале Петерсен (26 април), “Законот на земјата” во режија на Јуси Хилтунен (27 април), “Ѕвездени момчиња” во режија на Виса Коисо – Кантила (28 април) и “Земја на чудата” во режија на Инари Ниеми (29 април).