Недела-неработен ден: Моловите ќе работат една смена, работниците ќе добијат дополнителна дневница

од Nikola Popovski
526 прегледи

„Во Законот за трговија, по дополнување и изменување, стои дека во недела ќе работат една смена моловите од 10 до 18 часот по претходно добивање на лиценца за работа во недела. 2 проценти од нивниот неделен промет ќе биде уплаќан во буџетот на Македонија и нашата заложба е да тие средства на годишно ниво да изнесуваат 1,2 милион евра“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на прес-конференција, за мерката недела-неработен ден.

Според неа, работниците во недела ќе имаат надомест на дневница од дополнителни 100 % и ќе имаат право на неделен одмор.

„Тоа се предвидува со Законот за трговија. Исклучок се угостителските објекти, затоа што тие во недела се место каде се воспоставува баланост меѓу приватниот и професионалниот живот. Семејствата сакаат да се дружат и затоа угостителските објекти ќе работат во недела“, потенцира Шахпаска.

Владата неодамна посочи дека примената на ова законско решение ќе биде во согласност со сите социјални партнери а ќе бидат земени во предвид сите фактори кои се дел од функционирањето на економијата во нашата држава – во тоа спаѓаат и веќе зацртаните планови за буџетирање на компаниите од приватниот сектор како и на институциите од јавниот сектор.

Слични содржини