Неделава ќе пристигнат половина милион вакцини, после подолго време бројот на активни ковид-случаи падна под 1000

од Nikola Popovski
392 прегледи

Mинистерот Венко Филипче завчера најави дека Турција ќе ни донира 30.000 вакцини од производителот „Синовак“ при посетата на Турција заедно со премиерот Зоран Заев, а како што информираше претходно во текот на неделава треба да пристигнат уште 500.000 вакцини од овој производител.

Тој исто така вчера објави дека вакцинацијата и почитувањето на мерките ги донесоа очекуваните резултати.

-Првпат по подолго време бројот на активни случаи заболени од КОВИД-19 падна под 1000. Апелирам да продолжиме да ги почитуваме мерките и сите оние кои сѐ уште не се пријавиле на vakcinacija.mk што поскоро да го направат тоа, напиша Филипче.

Според официјалната веб страница за вакцинација досега во земјава бројот на вакцинирани изнесува 245.413, а интерес за вакцинирање пројавиле 440 213 граѓани.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, а на починати е 5.455.

Слични содржини