Неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Министерството за здравство набави 60 илјади дози четиритипни вакцини, наменети за бесплатна вакцинација. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку интернет-страницата вакцинација.мк, во следните денови преку СМС порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.
Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени лицата над 65 години, со хронични заболувања, здравствени работници, бремените жени, децата на возраст од 6 месеци до 5 години, лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во тие установи.
-Вакцинацијата е најефикасна мерка за превенција од сезонски грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи, велат од Министерството за здравство.