Неделен билтен: Во Охрид 32, во Струга 28, а во Дебар седум нови случаи на Ковид-19

од Берта Китинска
269 прегледи

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 5 до 11 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 32 лица од Охрид, 28 лица од Струга и седум лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 90 материјали за испитување 29 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 61 материјал е земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар.

Во Охрид има 42 активни случаеви на КОВИД-19, во Струга 59, а во Дебар 29 пациенти. Во односниот период оздравени се 13 лица од Охрид, 29 лица од Струга и едно лице од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани осум смртни случаи поврзани со КОВИД-19, и тое четири од Општина Охрид, три од Струга и едно од Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден КОВИД-19 е регистриран кај вкупно 1268 лица во односните општини и тоа 386 лица во општините Охрид и Дебрца, 615 лица во општините Струга и Вевчани и 267 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 314, од Струга се 508, а од Дебар и Центар Жупа се 220 пациенти. Во Охридско починати се 15 лица, во струшко 52, а во Дебар и Центар Жупа 13 лица.

Слични содржини