207
ЈСП Скопје информира дека утре, среда (11.10.2023 год), поради државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот, на Транспортен центар (на излез) и во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи со вообичаено работно време, од 10 до 18 часот. 17-17.30 часот е биде последно возење од долу нагоре, додека 17.45 часот e последно возење од горе надолу.