Неделен возен ред на Рамазан бајрам, жичарницата ќе работи вообичаено

од Nikola Popovski
174 прегледи

Oд ЈСП Скопје информираат дека утре, петок (21.04.2023 год), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

️Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Се појаснува и дека задутре сабота (22.04.2023 год), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата.

Слични содржини