„Има сигнал дека попладне ќе се сретнеме во Владата. Нашето очекување е во интерес на учениците, во интерес на децата во детските градинки, во интерес на родителите, во интерес на колегите кои штрајкуваат, да постигнеме договор во однос на зголемување на платите согласно Законот за минимална плата“, изјави Неделков, денашната пресс пконференција на која присуствуваше директорката на Европската конфедерација на синдикатите за образование, Сусан Флокен.

Неделков истакна дека засега останува штрајкот на просветните работници во сила.

– До овој момент немаме вземен договор со ресорните министри околу нашите барања. Нашето очекување е дека Владата ќе изнајде сили да направи напори да ги усогласи нашите побарувања на СОНК во однос на усогласување на минималната плата на национално ниво, појасни Неделков, додавајќи дека  очекува да постигне и договор за динамика на пораст на платите во следните години.

 

 

 

 

Слични содржини