Првиот човек на СОНК Јаким Неделков денеска информираше дека синдикатот ќе расправа за понудата од Владата донесена на синоќешната седница.
-Ќе направиме и пошироки консултации. Во неделата имавме извештај од сондажата за понудата што ни ја достави Владата тогаш усмено и сега писмено и 95 отсто од членовите се изјаснија дека не ја прифаќаат, вели Неделков во Утрински Брифинг.
Јавноста е поделена во однос на штрајкот на просветните работници. Народниот правобранител рече дека кога станува збор за две права, секогаш приоритет имаат децата.
-Не е спорно колку ние можеме да издржиме, спорно е колку Владата ќе остане закопана во ров на својата позиција. Владата не нѐ послуша кога зборувавме за наглото зголемување на минималецот, а кога веќе е покачен минималецот треба да се покачат и нашите оти ние чекаме шест години. Чашата ја прелеа тоа што со зголемувањето на минималната плата сега имаме некои работни места со различна сложенст кои имаат иста плата. Не е проблемот нашата нетрпеливост, вели Неделков.
Неделков вели дека СОНК ќе направи нова сондажа на членството и веројатно на регионално ниво ќе имаме информации за расположението на членството.
-Ние изразивме голема благодарност до родителите и изразуваме жалење што се соочуваат со проблеми. Но, во 2014 година беше донесен закон за штрајк за носење заменски наставници во време на штрајк. Ние го критикувавме овој закон. Не се инаетиме со владата, ова е реална потреба, вели Неделков.