
Стратегијата за образованието којашто се носи во период од десетина години мора да биде поставена на цврсти темели. Било која власт да дојде не смее да менува она што е договорено. Не може секоја власт да прави експерименти, да има поинаква визија од претходната и тоа што било порано ништо не чини и ајде сега ќе почнуваме од нула, вели претседателот на Синдикатот на образование, наука и култура(СОНК), Јаким Неделков во интервју за РСЕ.