Неделков: Нека денешниов ден, среда, биде среќен ден за сите нас

од Берта Китинска
235 прегледи

„Нека денешниов ден, среда, биде среќен ден за сите нас. Да се надеваме дека денес ќе бидеме повикани на преговори и ќе ни биде дадена разумна понуда. Дотогаш, Среќно!“, напиша претседателот на СОНК, Јаким Неделков на социјалните мрежи на третиот ден од штрајкот на вработените во образованието.

Тој вчера информираше дека е зголемен бројот на лица се приклучиле кон штрајкот. Изрази надеж дека надлежните ќе излезат со прифатлив предлог за зголемување на платите, по што ќе се донесе одлука за прекин на штрајкот.

Слични содржини