Почнаа жестоки притисоци врз вработените во градинките кон ќе штрајкуваат од понеделник, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков откако беше соопштено дека синдикатот ќе организира штрајк на 11 април доколку не се исполни нивното барање за покачување на платите.
-Вработените во детските градинки се под голем притисок од страна на директорите на установите, кои бараат списоци на штрајкувачи, ги заплашуваат со заменски работници, заплашување со откази, казни и т.н. а поттикнати од испратеното писмо од МТСП до нив, “разбирливо”, без потпис и печат.Почитувани колешки и колеги,Ве охрабрувам да не подлегнувате на притисоци и закани и ве поттикнувам да ги пријавувате таквите ситуации. Правниот застапник на СОНК ќе постапува по однос на вашите преставки и ќе следуваат кривични прикави кон оние кои се обидуват да го попречат штрајкот. Кривичниот законик предвидува и затворска казна за таков прекршок, пишува Неделков.