Неделков: Штрајкот не е избрзан туку задоцнет

од Берта Китинска
303 прегледи

Сметам дека штрајкот не е избрзан туку задоцнет. Тоа е од причина што ова е финишот од недоразбирањата во однос на примената на Законите и колективните договори, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков за Утрински брифинг.

-Ова прашање го актуелизираме наназад 4 години. Не би сакал да се политизира социјалниот статус на дејностите кои ги застапуваме. Уште од 2017 и 2018 година почнавме со протести и сметаме дека мора да се применува Законот за минимална плата. Затоа прашувам зошто толку време не се усогласени платите, па да поверувам дека за шест месеци ќе се усогласат, вели Неделков.

Неделков вели дека очекува деновиве да се седне со Владата и да се најде заедничко решение во однос на зголемување на платата. Мора да се најде системско решение, вели претседателот на СОНК.

Слични содржини