Неделков стана коалиционен партнер на власта, вели Мицкоски

од Берта Китинска
242 прегледи

Гледам дека Јаким Неделков сега стана коалиционен партнер на власта, он си знае зошто и како, се завртеа спротивно на интересите на наставниците па почнаа нив да ги навредуваат и да велат, дека тие биле што сакале да предизвикаат криза, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој напомена дека неговиот избор секогаш ќе бидат наставниците наспроти, како што вели тој, корумпираната влада.

-Велат сето било организирано од ВМРО-ДПМНЕ за да падне Владата. Еве и да падне, ако е добра, ќе победи на избори. Но, грчевито се борат за своите фотелји и привилегии. Тие во Владата се тие што треба да изберат каков крај ќе имаат – достоинствен или недостоинствен, заклучи Мицкоски.