Неџат Курт нов директор на ТАВ Македонија

од Nikola Popovski

Неџат Курт од денеска е нов генерален директор на ТАВ Македонија. Тој претходно беше заменик-генерален директор за операции на компанијата, подружница на ТАВ Аеродроми.

Курт го наследува Метин Батак, кој беше директор од 1 октомври 2020 година.

Неџат Курт е роден во Германија и живее таму во тинејџерските години, по што се преселува во Турција. Во 90-тите започува да работи на аеродроми низ светот, сѐ додека не стапне на македонско тло во 2005-тата, како менаџер на Охридскиот аеродром.

Слични содржини