323
Ново недолично однесување на посетител во скопската Зоолошска градина. Како што објави заменик-директорката Тина Мицковска, видеото е пример како не треба да се однесува еден возрасен човек.
-Уште еден што сака да влезе во категоријата Простак на годината, а богами ова е веќе и зоофилија. Ваквите снимки треба да не едуцираат како НЕ ТРЕБА да се однесува еден возрасен човек… Ваквите однесувања може да ги сопреме само ако јавно вака ги направиме „славни, категорична е Мицковска, која воедно е и прв соработник во Зоолошката градина.
И покрај вработените, волонтерите, едукативните табли со забрана за хранење и целата кампања, поголемиот дел од посетителите продолжува со несовесно однесување.