Недостигот на нарачки во Германија е се поголем проблем за економијата

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Недостигот на нарачки во Германија се влоши и станува се поголем проблем за тамошната економија, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Во јули, 39,4 отсто од анкетираните германски компании се пожалиле на недостаток на нарачки, што е зголемување во споредба со априлските 38,4 отсто.

„Речиси секоја индустрија во Германија е погодена од недостаток на нарачки“, коментира шефот на истражувањето на IFO, Клаус Волрабе.

Процентот на компании од преработувачката индустрија кои пријавиле помал број нарачки е зголемен од 39,5 отсто во април на 43,6 отсто во јули, а најлоша е состојбата во металопреработувачката и електронската индустрија.

Во автомобилската индустрија 43 отсто од анкетираните компании се жалат на недостиг на нарачки, а во хемиската индустрија 40 отсто.

Нешто подобра е состојбата во услужниот сектор, каде 31,2 отсто од анкетираните компании пријавиле слични проблеми, што е помалку од априлските 32,4 отсто.

Рекламната индустрија, транспортниот и логистичкиот сектор се погодени, а речиси една третина од рестораните во Германија известуваат дека имаат премалку гости.

Слични содржини