Недовербата во системот ги „брка“ младите и високообразованите лица од земјата

од Берта Китинска
156 прегледи

Извештајот за миграцијата на работна сила во Западен Блакан и публикацијата на ОЕЦД за Индексот за мали и средни претпријатија од 2011-2019 покажа дека секој 4 си заминува од државава информираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Петте клучни причини за ваквиот тренд, според него, доаѓаат од недовербата во институциите. Недовербата во смисла на висока корупција, големата политичка нестабилност беше на прво место, а другите се подобар животен стандард, проблеми со образование, проблеми со здравство, проблеми со перспектива за децата, тоа се работи коишто веројатно заради погрешните политики 30 години придонел да дојде до ова.

– Најверојатно на креирање на политиките ќе мораме како општество да отвориме дискусија за пополнување на пазарот на трудот, за однесување малку различно од тоа што сме се однесувале досега – изјави вицепремиерот Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на извештајот „Човечки капитал, миграција и како да обликуваме иднината заедно”.

Додаде дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина се уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот.

– Конечно мислам дека е дојдено време сите да се освестиме дека мораме да се менуваме и да бидеме активни чинители на пазарот на трудот, секој колку што може да придонесе, а тоа значи реквалификација, преквалификација, менување на навиките за работа – истакна Битиќи.

Слични содржини