Недоволната домашна и странска побарувачка го ограничуваат производството

од desk3
76 прегледи

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември годинава, во однос на претходниот месец, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а резервите на готови производи незначително сe зголемени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Zavod-za-statistika

Оцената за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а е поповолна и во однос на истиот период лани. Истото се однесува и на оцената за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2015 година изнесува 64,1 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната
странска побарувачка со 25 проценти, недоволната домашна побарувачка со 24,5 проценти, недостигот од квалификувана работна сила со 23,1 отсто и финансиските проблеми со 5,8 проценти.

 

META