Потпретседателот на Јувентус и поранешен ас на торинскиот тим, Павел Недвед го коментираше претстојното разделување со аргентинската ѕвезда на клубот Пауло Дибала.
28-годишниот напаѓач не го прифати предлогот за нов договор со плата од 6-7 милиони евра по сезона наместо посакуваните најмалку 11 милиони и си заминува како слободен играч по завршувањето на сезоната.
„Внимателно проучувавме што ни дава Дибала на теренот и надвор од него, каков е неговиот придонес во нашиот проект. Тој е одличен фудбалер и има високи барања кои не можеме да ги исполниме. Така нашите патишта се разминуваат, но тоа не значи дека тој не е голем играч“, изјави Недвед.
Оваа сезона Дибала одигра 37 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и шест асистенции.