Неексплодирана граната извадена од градите на украински војник

од Nikola Popovski
210 прегледи

Во Киев во исклучително тешки услови, извадена е неексплодирана граната од телото на еден украински војник, потврдија високи функционери во Киев.

Хирурзите ја извадиле експлозивната направа веднаш под срцето на повредениот војник, а двајца војници се погрижиле операцијата да биде безбедно изведена, изјави Хана Малиар, заменик министер за одбрана на Украина. Таа објави и фотографија на која се гледа рендген-снимка од граната во телото на војник.

„Воените лекари извршија операција за отстранување на неексплодирана граната VOG од телото на војникот“, напиша таа во објава на Фејсбук.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина ја опиша постапката како „која ќе влезе во медицинските учебници“.

-Операцијата беше изведена без употреба на електрокоагулација – вообичаен метод за контрола на крварењето за време на операцијата – бидејќи гранатата можеше да се активира во секое време, рече Малиар.

Една слика покажува хирург кој држи експлозив по операцијата.

Во меѓувреме војникот е испратен на понатамошна рехабилитација и опоравување.

Рано во четвртокот Герашченко напиша на Телеграм дека неексплодираниот дел од граната е изваден од под срцето.

„Гранатата не експлодирала, но останала експлозивна“, рече тој.

Слични содржини