Нефи Усеини е ослободен за инцидентот со Топалоски

од Nikola Popovski
352 прегледи

Охридскиот суд ги ослободи од обвинение браќата Нефи и Ибро Усеини за напад врз охриѓанецот Спиро Топалоски.

Иако на снимките се гледа, но и Топаловски првично изјави дека бил тепан со пиштол пред син му, тој потоа ја смени изјавата и рече дека му се причинило дека видел пиштол, а Усеини му е пријател.

По овој инцидент на браќата им беше одреден притвор од 8 дена, а потоа  беа пуштени да се бранат од слобода со гаранција од 850 илјади евра.

Нефи Усени е охридски бизнисмен и прв човек на локалниот огранок на ДУИ и ова не е негов единствен инцидент. Тој во повеќе наврати беше инволвиран во тепачки, а последната беше пред неколку дена.

Слични содржини