Нега на косата после тренинг

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Колку пати сте биле незадоволни поради раштрканата коса со која излегувате од салата или метлата налик коњска опашка, со која одите на трчање во паркот?cb24fdacaa7f796a2057eec4d9cbc1a4

Зборувајќи за “ефектите” по корисното вежбање со пријателките, често ќе слушнете дека многу од нив страдаат од губење на косата или јасно намален обем.

Не е потребно да избирате меѓу тоа дали да бидете убави или во форма. Како и секогаш, козметичката индустрија има свои решенија за секој проблем.

Ви ги претставуваме начините со кои може да се справите со косата после вежбање.

1. Не ја мијте косата секој ден

Ова е една од најчестите грешки со убавината. Голем број дами ја мијат косата секој пат после тренинг, што се претвора во проблем, ако е секој ден. Нормалниот број на употреба на шампон во бањата е не повеќе од 2-3 пати неделно, без разлика колку често се потите. Во спротивно ризикувате да добиете уште помрсен скалп, бидејќи прекумерното лачење на себум ќе е природна реакција на телото да се хидрира.

2. Длабока хидратација со балсам

За да ја заштитите косата после стресот од шампонот, секогаш користете балсам. Најдобро е, ако го комбинирате со заштитен производ, кој го заштитува влакното од штетни атмосферски услови како топлина, директно сонце и други.

3. Не се врзувајте стегнато

Ластичињата и лентите за коса може да ви се гледаат како единствен начин да го поминете долгиот тренинг без да добиете нервен слом поради постојаното паѓање на прамени, но не е така. Ако стегате премногу, ризикувате болки во главата и паѓање на коса.

4. Користете марама

Убавиот додаток не само што ќе ве натера да изгледате како да имате фризура, но и ќе ја заштити косата и скалпот од дополнителна маснотија и потење, бидејќи ќе се јави како природна препрека меѓу лицето и косата.