Негативно мислење за концесија за нов рудник на Кожув испратија Гевгелија и Кавадарци

од desk4
78 прегледи

Гевгелија и Кавадарци преку советите се изјаснија дека на Кожув не треба да се доделува нова концесија за детални геолошки истражувања за металични минерални суровини, информира ТВ24.

Министерството за економија деновиве од овие две општини побара мислење за издавање концесија за локалитетот Матушница Исток што повторно ги крена на нозе активиистите против рудници.

Советот на Гевгелија даде негативно мислење, а надвор пред општината активистите повторно го изразија својот став.

Негативно мислење даде и Советот на општина Кавадарци.Според нив евентуално бушење на локалитетот Матушница Исток на планината Кожув може да ги наруши изворите од областа Лукар од каде со вода се снабдуваат десетици илјади жители

,,Евентуалното бушење на локалитетот ,,Матушница – Исток’’за детални геолошки истражувања може да предизвика последици и врз локалитетот Лукар кое е заштитно подрачје. Може да се загадат изворите или да секнат истите од кои со вода се снабдуваат десетици илјади жители од Кавадарци, Неготино и Росоман. Од таа приичина дадовме негативно мислење,,

Против отварање рудници на Кожув во април годинава на референдум се изјаснија 13 илјади гевгеличани.тие ги обврзија лоаклните власти да не се издава било какво позитивно мислење за рудниците на планината Кожув.