Неготинец преку социјална мрежа објавил видео во кое употребил погрден израз за лица од с. Криволак

Пензионер преку видео навредувал цело неготинско село – пријавиле 107 жители, ќе одговара кривично

од Nikola Popovski
26 прегледи

ОВР Неготино, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од овој град, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г став 2 во врска со став 1 од КЗ, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Тој на 20 октомври преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа. На 21 октомври во ОВР Неготино се примени три пријави, а потоа и на 24 октомври од страна на 107 жители на село Криволак, неготинско, писмено е пријавено, дека Љ.Т. на социјална мрежа објавил видео, кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес, појаснија од СВР Велес.