Неготинец со 2,38 промили алкохол во крвта возел утрово низ Кавадарци.
Од Секторот за внатрешни работи – Велес информираа дека денеска во 3:40 часот на улица „Шишка“, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода 38-годишниот Ј.С од Неготино.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, потенцираа од СВР – Велес.