Неготинско Калањево загрозено од пожарот, се бара дополнителна помош од воздух

од Milan1
32 прегледи

Неготинско Калањево е повторно под опасност од пожарот. Васе Јованов – Ладна, претседател на месната заедница на село Тремник, кој неколку дена заедно со ловците од ловно друштво Неготино, го гаснат пожарот, за МИА рече дека итно им треба дополнителна помош од воздух.

Дека се загрозени викендичките во селото, за МИА потврди и неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој исто така нагласи дека освен од земја, гаснењето треба да има и дополнителна поддршка од воздух.

Прашавме дали се евакуирани луѓето од селото, бидејќи уште пред неколку дена беше упатен апел за нивна евакуација.

– Во селото не треба да има луѓе од безбедносни причини поради пожарот. Но, некои самоиницијативно одат, одговори Стојанов.

Пожарот на планината Серта изминативе денови се гаснеше од земја и воздух.

Слични содржини