Во монтажни бараки стари пет децении и кров што прокиснува функционира струшката болница. Во исклучително лоша состојба оваа здравствена установа опслужува пациенти од целиот регион и соседна Албанија, информира ТВ24.

Многу често нема место за сите, па се создава гужва и вистински хаос низ ходниците, а условите се далеку под стандардите за лекување. Граѓаните велат дека е време Струга да добие нова здравствена установа.
„Има потреба од болница, градот не е тој што беше порано. 30 отсто од луѓето од селата се дојдени во Струга“
„Дефинитивно и треба нова болница на општина Струга“, велат дел од граѓаните.
Дека просториите се во лоша состојба потврдува и директорот. Тој смета дека освен реновирање и нови простории, болницата има потреба и од нова апаратура.
„Објектите се во лоша состојба, даваме услуги во многу неадекватни услови, скоро половина од, повеќе од половина на објектот е во монтажни бараки Имаме добри професионалци, добри услуги, квалитетни и во обем и сакаме да бидат пружени во поадекватни и поприфатливи услови и за здравствените работници и за самите пациенти“, вели Асим Муса директор на Струшката болница.
Целииот текст можете да го прочитате тука