Студеното-топло за пржинскиот договор. иИ натаму само големи очекувања и немир за политичката домашна и мѓународна јаваност. Преговорите се пред колапс, а морковот и стапот за извештајот за препораката излгеда како да веќе не функционираат. Заев и Груевски се повеќе се во ровови отколку пред пружање рака. Главниот медијатор, упорниот Питер Ванхојте прекина се и замина за Бриесл на консултации со еврокомесарот Јоханес Хан. За сите останува една голема неизвесност, и добар ден за големиот пораз.
Никој со сигурност не може да потврди кога и што ќе соопшти Брисел за препораката, и што се не нема да пишува во извештајот. Поради прекинот на преговорите во Македонија но и поради изборите во Турција кои се одржуваат денеска, Европската комисија се уште не може да потврди дека на 5 ноември ќе бидат објавени извештаите за земјите од Балканот и Турција.
Викендов во земјава паузирани се и преговорите на четирите политички партии, бидејќи олеснувачот Ванхауте е во Брисел. Тој во Брисел заминал поради дополнителни консултациии., бидејќи преговорите се толку тврди да нема смисол да седнат на заедничка маса туку се тера одвоено.
Без никаков напредок завршија и поединечни обиди на медијаторот Питер Ванхауте во петокот за приближување на позициите на партиите потписнички на договорот од Пржино, во делот за назначување и ингеренции на министрите на опозицијата во Владата на Груевски.
Се уште нема договор за т.н. изборно вето на замениците, односно кој период да се смета за почеток на организирање на изборите, при што замениците ќе можат да ги оспорат одлуките на министрите
Последна официјална изјава е од портпаролот на Еврокомисијaта Маргаритис Схинас.

– Следете внимателно, порача портпаролот Схинас за информацијта дека еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, ќе ги објави извештаите во четврток
За Република Македонија, тоа значи дека до четврток на пладне, за кога се очекува Хан да ги презентира извештаите пред Еворпскиот парламент, ќе биде неизвесно дали ќе добиеме седма последователна препорака за отворање на преговорите за членство во Унијата.
Според најавите, дотогаш, доколку има напредок во преговорите меѓу четирите политички партии во земјата за усвојување на точките од договорот од 2 јуни/15 јули, се очекува ЕК да додели препорака за преговори. Во случај на продолжување на преговорите, тогаш се очекува Хан да соопшти условена препорака со усвојување на точките од договорот, додека во случај на целосен крах до четврток на политичките преговори во Македонија, тогаш земјата ќе остане без препорака.