Повеќе провладини медиуми веќе имаат проблем со исплата на плати

Вработените во телевизијата Алфа вчера биле информирани од страна на раководството дека компанијата нема пари да им ги исплати заостанатите плати за јануари и февруари, а им било најавено и дека нема да земат плата ниту за март, дознава Нова.
Во изминатата една година вработените во телевизијата редовно се соочуваат со доцнење на платите по два и до три месеци.
Исто така им било соопштено дека не знаат кога воопшто ќе можат да ги земат заостанатите плати со образложение дека компанијата имала многу должници.
Иво Јанковски стана доминантен сопственик на Алфа кога во август минатата година го откупи мнозинскиот пакет удели од српскиот бизнизмен Веселин Јевросимовиќ.
Јевросимовиќ беше сопственик и во МПМ, издавачот на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ како и на порталот Телеграф каде што партнери му беа Јордан Камчев и Срѓан Керим, но истата година кога се повлече од Алфа се повлече и од овие медиуми. И во МПМ исто така имаче проблеми со исплата па новинарите мораа фа штрајкуваат за да ги земат заостанатите плати. Неофицијално и Алфа се подготвува на штрајк.И друг провладин медиум Радио Слободна Македонија, исто така последниве месеци има проблем со исплата,така што голем број новинари го напуштија радиото и преминаа во други медиуми.