Најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, Нејмар, не можеше да му помогне на ПСЖ на дуелот против поранешниот клуб Барселона поради повреда, но можеше да ги коментира настаните на теренот.
Бразилецот реши да објави на Твитер, па уште побрзо и да го отстрани своето мислење за досудениот пенал за Барселона.
Иако на почетокот се чинеше дека Френки де Јонг симулирал за досудениот пенал, забавеното видео покажа дека имало контакт со бекот на францускиот тим, Курзава.
По ударот од белата точка, Барселона поведе, а Нејмар не можеше да не реагира.
„Овој пенал е смешен“, набрзина напиша Бразилецот, а потоа наскоро го избриша својот коментар.
Сепак, никогаш ништо не е избришано на Интернет засекогаш.
— 101 Great Goals (@101greatgoals) February 16, 2021