245
Бразилецот Нејмар, првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, се опорави од коронавирусот.
Брзоногиот напаѓач, кој го пропушти првиот натпревар на „светците“ во новата сезона од Лига 1 против Ленс (1:0), имаше негативни резултати на последните тестови, а тие информации ги сподели на Твитер, пишувајќи дека е пресреќен и се враќа на тренинзите.
Покрај Нејмар, во парискиот табор беа заразени Килијан Мбапе, Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Мауро Икарди.
Да потсетиме, ПСЖ претрпе неочекуван пораз на стартот од францускиот шампионат практично без половина од првиот тим, откако Ленс беше подобар од нив со минимални 1:0.