Нејмар го пропушти тренингот на Бразил

од Vladimir Zorba

Нејмар го пропуштил вчерашниот тренинг на националниот тим на Бразил по изненадувачкото реми 1:1 против Швајцарија во првиот натпревар на „Селесао“ на Мундијалот 2018 во неделата вечерта.

За време на дуелот, Нејмар беше фаулиран 10 пати и претрпе прилично болни удари на нозете.

По натпреварот тој изјави дека нема сериозна повреда, но од тренерскиот штаб на јужноамериканците одлучиле да му дадат дополнителен одмор, за да има повеќе време за физичко опоравување од грубата игра против него.

Бразил ќе го одигра својот втор натпревар од Светското првенство 2018 против Костарика на 22 јуни.

Слични содржини