Нејмар и Роналдо и во иста ситуација – ќе видиме ли трансфер?

од Vladimir Zorba

Се чини дека ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар. Ал Келаифи најави нова политика, доведување млади играчи, го затвори поглавјето за Зидан, а новиот тандем директор Кампос и тренер Галтиe ќе има задача да создаде нов тим, да го подмлади тимот, но и да се вклопи во финансискиот фер-плеј.

Секако дека Нејмар има проблем со ваквите планови, нема намера да си замине, иако ПСЖ со задоволство би се ослободил од неговиот договор и би вратил дел од светскиот рекорд што го вложија во него пред пет години. Во меѓувреме, на инсистирање на клубот го продолжи договорот и сега нема намера да се откаже од околу 30 милиони евра плата, плус десетина кои се исплаќаат преку разни договори со Катар.

Во Италија тврдат дека му бил понуден на Јувентус, Италијанците се смееле, немаат пари за такво нешто, а единствените три клуба кои можат да си дозволат вакво засилување се Манчестер Јунајтед, Реал и Челси.

Па, како стојат работите?

Реал не е заинтересиран, одбија да зборуваат за тоа, Челси има други цели, а им требаат големи засилувања, особено во одбраната, така што Неј не е приоритет, додека ситуацијата со Јунајтед е таква што Тен Хаг има поинаква визија за формирање тим. Наводно не го сака ниту Роналдо, а камоли Нејмар, иако Португалецот исто како и Бразилецот нема многу можности.

Приказните за Рома, враќањето во Реал или Јувентус за Кристијано немаат многу основа во реалноста, ниту пак има преговори. Најдобриот стрелец во историјата има уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед, по што во исто време со најголемиот ривал во овој век, Меси, би можел да се најде во МЛС лигата.

Слични содржини