Фудбалерот Нејмар е познат во светот на фудбалот по еден феномен. Имено, тој секоја година се повредува на ист ден, а тој ден случајно e и роденден на неговата сестра. Погодувате, овој пат не беше поинаку. Во прашање е 11 март.
Да се вратиме во историјата за да видиме колку пати Нејмар се повредил околу роденденот на неговата сестра – седми пат во последните десет години! Тој беше отсутен во овој период во 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019. Преседан направи во 2020 и 2022 година кога играше за ПСЖ во Лигата на шампионите. Ги пропушти и натпреварите во 2021 и 2023 година, додека ја пропушти целата минатата сезона.
Сега само што почна да игра за Сантос повторно се повреди.
„За жал, чувствував болка во изминатите неколку недели. Навистина сакав да му помогнам на тимот, ги направивме тестовите, но повторно почувствував болка“, објаснил Нејмар по пропуштањето на последниот натпревар против Коринтијанс на кој се најде на клупата за резервни играчи.
Дел од фановите и корисниците на социјалните мрежи веруваат дека ова е за во рубриката „Верувале или не“.