449
Продолжувањето на договорот со Пари Сен Жермен воопшто не е тема, јас се чувствувам одлично овде, како дома, изјави бразилскиот фудбалер Нејмар.
„Посреќен сум отколку што бев, верувам дека ќе останам уште долго во Париз“, изјави Нејмар за бразилскиот „ТНТ Спорт“, по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Тој одигра одличен натпревар во „безболниот“ пораз од Баерн 1:0, дури трипати ја погоди рамката на голот и ќе биде еден од најголемите адути на Париз во борбата за трофејот во Лигата на шампионите.
Нејмар пристигна во ПСЖ од Барселона пред четири години со астрономски трансфер вреден 222 милиони евра, а сегашниот договор му истекува следното лето.