Нејмар ќе добие 65 милиони долари за раскин на договорот со Ал-Хилал

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Бразилското крило на Ал-Хилал, Нејмар има намера да го раскине договорот со саудискиот клуб и да добие обештетување, пренесe Глобо Еспорте.

Доколку договорот биде раскинат предвреме, играчот сепак очекува да му бидат исплатени 65 милиони долари – сума што му следува како плата до крајот на договорот, кој трае до летото 2025 година.

Нејмар би сакал да се врати во неговиот роден клуб Сантос, каде што ја започна својата кариера. Бразилецот оваа сезона одигра два натпревари и одигра вкупно 42 минути. Тој од ноември се опоравува од повредата на бедрото, а претходно пропушти една година поради скинати вкрстени лигаменти.

Нејмар се пресели во Ал-Хилал од ПСЖ во август 2023 година. Пред тоа играше и за Барселона и Сантос.

Слични содржини