Нејмар купува остров од соништата

од Nikola Popovski
52 прегледи

Познатиот бразилски фудбалер Нејмар наскоро ќе стане сопственик на магичен тропски остров. Бразилскиот новинар Лео Диас ексклузивно открива дека Нејмар започнал преговори за купување на приватниот остров Јапао, кој се наоѓа во близина на рајскиот брег на Ангре дос Реис кај Рио Де Жанеиро, Бразил.

Ова задоволство славниот Бразилец ќе го чини „безначајни“ 8,5 милиони евра.

Нејмар и познатиот инвеститор од Дубаи, Мухамед Бингати, наводно го изнајмиле островот за периодот од 9 до 11 октомври за да го „пробаат“ и тоа ги чинело нешто помалку од 50.000 евра.

Островот моментално е во сопственост на богат Канаѓанец кој решил да го продаде. Прво барал околу 12,5 милиони евра, но бидејќи му се брзало да го продаде што поскоро, цената паднала на 8,4 милиони.

Имало неколку заинтересирани купувачи за овој рај на земјата, но Нејмар беилнајбрз и најконкретен.

Островот се простира на два и пол хектари и нуди целосна приватност и неверојатен комфор. До него може да се стигне само со брод или хеликоптер, бидејќи на имотот има и приватен хелиодром. Возењето со хеликоптер од Рио до островот трае околу 35 минути.

Нејмар во август минатата година се пресели од Пари Сен Жермен во Ал Хилал во трансфер вреден 90 милиони евра, а богатиот клуб од Саудиска Арабија реши да му даде на Бразилецот 300 милиони евра за двегодишен договор.

Нејмар одигра само пет натпревари за Ал Хилал, помина само 386 минути на теренот, што значи дека за една година заработува 30 милиони евра по натпревар или 390 илјади за секоја минута помината на теренот!

Бразилецот во октомври минатата година заработи тешка повреда на коленото и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар. Иако поминаа 11 месеци од повредата, се уште не се знае кога конечно ќе се врати на терените. Неговото опоравување трае многу подолго од очекуваното.

Слични содржини