Нејмар нема да игра против Барселона

од Stefanija Kuzmanovska
580 прегледи

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона.

Нејмар ја повреди левата нога и, како што пренесува „Екип“, ќе го пропушти натпреварот против Барселона.

Првиот натпревар на програмата е на 16 февруари во Барселона.

Францускиот весник наведува дека Нејмар најверојатно ќе го пропушти реваншот, кој ќе се игра на 10 март во Париз.

Голем проблем за шампионот на Франција.

Слични содржини