Нејмар објави дека ја изневерил својата бремена девојка, коментарот на неговиот татко ШОКИРА

од Vladimir Zorba

Навивачите се навикнати на контроверзиите на познатиот фудбалер Нејмар, но сега се чини падна уште подолу.

Нејмар ја изневерил девојката Бруна Бјанкарди, а потоа одлучил дека е добра идеја да се извини на Инстаграм.

Најпрво се чинеше дека тоа е еден од многуте луди предизвици на Инстаграм на кои потклекна, но потоа се огласи татко му и реши – да му честита.

Набргу потоа стигна објаснување дека „таткото не ја прочитал објавата до крај и мислел дека е најава за свадба“.

„Тоа е тоа синко. Животот продолжува да не учи. Честитки“, напиша таткото на Нејмар.

Интересно, ниту еден од медиумите не ја објави информацијата дека ја изневерил девојката, туку решил сам да го направи тоа.

„Ова го правам за вас двајца и за нашето семејство. Го оправдувам она што не може да се оправда. Не морав, но ми требаш во нашиот живот. Видов колку страдаше поради сето ова и колку сакаш да бидеш со мене и колку јас сакам да бидам со тебе. Не бев во право. Се осмелувам да кажам дека правам грешки секој ден, на теренот и надвор од него, но грешките во личниот живот ги решавам дома, во мојата приватност, со пријателите и семејството“, изјави Нејмар.

Потоа дојде продолжението.

„Сето ова се сведе на луѓе кои се посебни во мојот живот. На жената за која сонував дека ќе биде покрај мене, мајка на моето дете. Ова беше удар и за твоето семејство, кое сега е и мое семејство. Имаше интимна повреда во таков посебен момент како мајчинството. Бру, јас веќе се извинив за моите грешки, но чувствувам потреба да го направам тоа вака, јавно. Приватната работа стана јавна и затоа извинувањето треба да биде јавно“.

И тогаш, како и секој прељубник, почна да се правда.

„Не можам да се замислам без тебе, не знам дали ова ќе донесе резултати, но денес сакам да бидеш сигурна дека сакам да се обидам. Нашата цел ќе надвладее, нашата љубов кон детето ќе победи, нашата љубов еден кон друг ќе не зајакне. Засекогаш ние. Те сакам“, заврши Нејмар.

Слични содржини