Нејмар остана резерва, Галтие: „Можни се немири доколку играчот не ја прифати одлуката“

од Vladimir Zorba

Нејмар во првите пет кола од францускиот шампионат постигна седум и асистираше за уште шест гола. Во шестото коло, во победата од 3:0 над Нант, Бразилецот влезе во игра во 63. минута на местото на Килијан Мбапе, кој исто така погоди седум пати.

„Секогаш постои ризик од немири во соблекувалната ако играчот не ја прифати одлуката. Веќе разговарав со него во петокот. Тој доби неколку удари против Тулуз. Ја донесов одлуката и Нејмар ја прифати“, изјави тренерот Галтие по вчерашниот натпревар со Нант.

ПСЖ во вторник од 21:00 часот ќе го одигра првиот натпревар од групата Х од Лигата на шампионите на домашен терен против Јувентус. Се очекува дотогаш Нејмар веќе да биде во стартните 11.

Да потсетиме, „Марка“ објави дека парижаните му ја понудиле бразилската ѕвезда на Манчестер Сити, но англискиот шампион тоа го одбил.

Договорот на Нејмар со ПСЖ е со важност до 2025 година и има опција за продолжување на уште една година.

Слични содржини