Таткото на Нејмар испрати смирувачка порака до претседателот на Париз Сен Жермен, Насер Ал
Келаифи и до навивачите на францускиот тим за иднината на бразилскиот фудбалер. Во интервју за
„РМЦ Спорт“, таткото на Неј беше категоричен дека неговиот син ќе остане во ПСЖ, иако добил
понуди од други тимови.

„Договорот на Нејмар со ПСЖ е долгорочен. Ние сме едвај во втората сезона на неговиот престој
во клубот и тој дури не е завршен“, рече Нејмар постариот.
„Има потпишан договор и ние не стигнавме ни до половина од тоа, па мора да бидеме смирени“,
вели тој
„Гласините за неговото евентуално заминување секогаш ќе постојат. Не може да има играч како
Нејмар, без луѓе и тимови да сонуваат за него. Има клубови кои се заинтересирани за него, но
желбата на Нејмар е да остане во ПСЖ. Тој го изрази тоа мислење пред две години, кога потпиша
со ПСЖ“, продолжи тој.
„Фановите на ПСЖ можат да бидат смирени бидејќи Нејмар не сака да замине. Тој сака да остане
во ПСЖ и да му помогне на тимот да освои значајни трофеи“, рече Нејмар.